Европските берзански индекси растат, американските индекси паѓаат, додека цените на златото скокнаа на ново највисоко ниво на историјата, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави царини од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум, кои треба да стапат на сила денеска.
Трамп, исто така, предупреди дека ќе воведе дополнителни царини во вторник или среда, а германскиот канцелар Олаф Шолц изјави во предизборна телевизиска дебата дека Европската унија е подготвена да одговори „во рок од еден час“ доколку Вашингтон воведе царини за европските стоки, пренесува Ројтерс.
Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:15 часот порасна на 21.845,50 поени, британскиот FTSE 100 на 8.722,65 поени, францускиот CAC 40 на 8.000,38 поени, а московскиот MOEX на 2.988,42 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 44.303,40 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 падна на 6.025,99 поени, а вредноста на Nasdaq индексот падна на 19.523,40 поени.
Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта порасна на 71.433 долари, а на нафтата од типот брент на 75.111 долари.
Европските фјучерси на гас за март на отворањето на берзата ТТФ се тргуваа по 57 евра за мегават-час. Цената на златото порасна на 2.894,04 долари за унца, а на пченицата падна на 5,7984 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,03141, што е за приближно 0,13 отсто помалку од петокот, пренесува Танјуг.