Европските берзански индекси растат, како и цената на нафтата

Американските берзански индекси денеска пред отворањето на берзите во САД – Дау Џонс скокна на 34.122,42, како и S&P 500 – на 4.396,44, додека индексот Nasdaq падна на 13.591,33.

Индексот DAX на Франкфуртската берза се искачи на 16.049,45 во 10:30 часот, исто како и лондонскиот FTSE 100 – на 7.505,20, а францускиот CAC 40 – на 7.365,41.

Московски MOEX падна на 2.783,73.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта изутрината порасна на 70.226 долари за барел, исто како и цената на нафтата од типот „брент“ на 75.187 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа денеска на отворањето на берзата ТТФ по цена од 35,335 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 1.901,28 долари за унца, додека цената на пченицата порасна на 66.129 долари за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08392, што е за 0,23 отсто помалку од вчера.