Европските берзански индекси во пад, инвеститорите сè повеќе загрижени за американскиот долг

Европските берзански индекси денес паднаа, како и цените на нафтата и пченицата, додека цените на златото пораснаа, бидејќи инвеститорите ширум светот се загрижени дека предлогот за буџет на американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува значително намалување на даноците, би можел дополнително да го зголеми јавниот долг на САД.

Долгот на САД веќе изнесува 36,2 трилиони долари, а економистите предупредуваат дека планот на Трамп би можел да ја зголеми оваа бројка за уште три до пет трилиони долари во текот на следната деценија.

Индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,54 проценти на 23.991,50 поени, лондонскиот FTSE 100 за 0,46 проценти на 8.748,75 поени, францускиот CAC 40 за 0,54 проценти на 7.867,58 поени, московскиот MOEX за 0,89 проценти на 2.784,92 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна за 1,91 процент на 41.860,44 поени, индексот S&P 500 за 1,61 процент на 5.844,61 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 1,41 процент на 18.872,74 поени.

Европските фјучерси за гас за јуни беа продадени на отворањето на берзата TTF по цена од 36,455 евра за мегават-час.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 60.388 долари, а цената на нафтата од типот Брент на 63.695 долари.

Цената на златото се искачи на 3.325,65 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,4534 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,13130, што е за 0,18 проценти помалку отколку на почетокот на тргувањето.