Европските берзи ги надоместија вчерашните загуби

31

Индексите на европските берзи значително се зголемија во утрово, надоместувајќи дел од загубите од вчера, кога беа под силен притисок поради ширењето на делта варијанта на коронавирусот.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 1% во 9:30 часот, откако вчера потона за 2,3%.

Лондонскиот индекс FTSE зајакна 1,05% на 6.916 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 1% на 15.287 поени и парискиот CAC 1,20% на 6.372 поени.

Откако вчера го забележаа најголемиот дневен пад годинава, овие индекси надополнија дел од загубите утрово, а најмногу се зголемија цените на акциите во рударскиот сектор, во просек од 1,6%.

Фото:Pixabay