
Европските берзански индекси денес се мешани, при што цената на златото продолжува да расте и се приближува до рекордни максимуми, додека инвеститорите ги оценуваат податоците за фабричките нарачки во Германија и чекаат информации за трговскиот биланс на Соединетите Американски Држави да бидат објавени во 14:30 часот.
Веројатноста дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки за 25 поени во октомври сега се проценува на 95 проценти, додека шансите за дополнително намалување во декември се 84 проценти, па инвеститорите ги насочуваат своите средства кон злато за повисоки приноси и бараат безбедно засолниште за капитал.
Денес во 10:00 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,12 проценти на 24.364,15 поени, францускиот CAC 40 за 0,42 проценти на 7.938,24 поени, додека британскиот FTSE 100 порасна за 0,11 проценти на 9.489,30 поени, а московскиот MOEX за 0,42 проценти на 2.660,11 поени.











