Европските берзи пораснаа на почетокот на неделата

11

На европските берзи во понеделник наутро најважните берзански индекси се во позитива, бидејќи пазарните учесници се надеваат дека ФЕД ќе мора да размисли за намалување на каматните стапки по податоците за намалување на вработеноста во САД во април.

Паневропскиот индекс Stoxx 600 околу 9:30 часот порасна за 0,23 отсто на 506,67 поени. Сепак, обемот на тргување е скромен, бидејќи Лондонската берза е затворена поради национален празник.

Истовремено, франкфуртски DAX порасна за 0,27 отсто, на 18.049 поени, а париски CAC за 0,29 отсто, на 7.980 поени.

Според податоците на американското Министерство за труд, во април во САД се отворени 175.000 нови работни места, што е значително под прогнозата од 240.000, додека стапката на невработеност се зголеми од 3,8 во март на 3,9 проценти. Податоците за растот на платите, исто така, се под очекувањата, што се гледа како охрабрувачки знак за намалување на инфлацијата и поттикнување шпекулации за можно намалување на стапката во САД.

Меѓу најголемите индивидуални добитници беше Volvo Cars, раст од еден процент откако шведскиот производител на автомобили објави скок во продажбата од 27 проценти во април во споредба со претходната година, продадоа вкупно 65.838 возила, благодарение на зголемената побарувачка за електрични и хибридни возила.