Европските берзи пораснаа, во фокусот резултатите на компаниите

14

Цените на акциите пораснаа на европските берзи во вторникот наутро, исто како и претходниот ден на Волстрит, а инвеститорите се фокусирани на кварталните деловни резултати на европските компании.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 0,6 отсто и го достигна највисокото ниво за еден месец.

Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 1,11 отсто, на 8.303 поени, додека франкфуртски DAX се зголеми за 0,44 отсто, на 18.255 поени, а париски CAC за 0,65 отсто, на 8.050 поени.

Инвеститорите, како и претходните денови, се фокусирани на деловните резултати на компаниите во првиот квартал, а во моментов сите сектори се во позитива.

Цените на акциите пораснаа и на повеќето азиски берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, порасна за 0,8 отсто.