Европските берзи растат втор ден по ред

32

На европските берзи денеска, цените на акциите пораснаа, како и претходниот ден, така што тие надоместија дел од загубите од минатата недела кога паднаа на најниско ниво во последните пет месеци.

Индексот STOXX 600 порасна 0,7% во 9:30 часот, откако вчера скокна 1,6%. Утрово, индексот лондонски FTSE зајакна 1,50%, на 5.739 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна 1,05%, на 11.913 поени, а парискиот CAC 1,30%, на 4.752 поени.

Растот на овие индекси втор ден по ред се должи на добрите економски индикатори, бидејќи вчера објавените извештаи покажаа дека продолжува закрепнувањето на производствената активност во најголемите светски економии, од САД и Кина до економијата во еврозоната.

И додека берзите беа под притисок минатата недела поради рекордното ширење на коронавирусот во САД и Европа, утрово веста е во втор план.

Фото: Pixabay