
Цените на акциите на европските берзи нагло пораснаа во среда наутро.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 2,4 проценти во 9:30 часот наутро, при што лондонскиот индекс FTSE порасна за 1,67 проценти на 10.345 поени, франкфуртскиот DAX за 2,43 проценти на 23.230 поени, а парискиот CAC за 2,16 проценти на 7.985 поени.
Цените на акциите исто така силно пораснаа на азиските берзи. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион порасна за околу 3 проценти во 9:30 часот наутро.
Во исто време, цените на акциите во Шангај, Хонг Конг, Австралија, Индија, Јапонија и Јужна Кореја пораснаа помеѓу 1,5 и 8,4 проценти.
Инвеститорите беа охрабрени од вчерашниот силен скок на индексите на берзата на Волстрит, откако Трамп објави крај на војната против Иран за две до три недели.











