Европските берзи во благ пораст, но инвеститорите остануваат претпазливи

Европските берзи бележат мал пораст во вторник наутро, втор ден по ред, но тргувањето е претпазливо бидејќи инвеститорите ги следат новите вести за кризата на Блискиот Исток и чекаат податоци за инфлацијата во март.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,1 процент во 9:30 часот наутро, добивајќи сила втор ден по ред. Сепак, во целиот март, тој е на пат кон загуба од повеќе од 8 проценти.

Во исто време, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,24 проценти, на 10.150 поени, а парискиот CAC се зголеми за 0,05 проценти, на 7.770 поени. Франкфуртскиот DAX ослабе, од друга страна, за 0,11 проценти, на 22.540 поени.

Освен кризата во Блискиот исток, фокусот на инвеститорите денес ќе бидат извештаите за инфлацијата во земјите од Европската унија во март, кои ќе покажат колку силно порастот на цените на нафтата влијаел врз потрошувачките цени.