Европските берзи во минус – цената на златото расте

Европските берзи се во минус на почетокот од неделата, при што суровата нафта „Брент“ се искачи на повеќе од 94 долари за барел, додека акциите на „Издиџет“ скокнаа за 11 проценти по шпекулациите дека американската инвестициска фирма „Касллејк“ би можела да ја преземе нискобуџетната авиокомпанија.

Според податоците од берзата во 9:30 часот наутро, цената на суровата нафта се зголеми за 3,43 проценти на 90.322 долари, а на нафтата „Брент“ за 3,24 проценти на 94.094 долари.

Паневропскиот индекс Stoxx 600 утрово беше во пад од 0,2 проценти, при што повеќето сектори почнаа да тргуваат во минус.

Лондонскиот FTSE 100 ослабе за 0,2 проценти, францускиот CAC 40 беше речиси непроменет, додека германскиот DAX забележа мало зголемување од 0,1 процент.

Пазарите се под притисок по новите судири меѓу САД и Иран во текот на ноќта, како и одлуката на Израел да ги прошири воените операции во Либан и покрај прекинот на огнот прогласен во април.

Британската министерка за надворешни работи, Ивет Купер, ја критикуваше израелската офанзива во Либан, наведувајќи дека воената ескалација довела до цивилни жртви, уништување на инфраструктурата и го отежнала дипломатското решение.

Пазарите денес очекуваат и податоци за индексот на менаџерите за набавки (PMI) за Велика Британија, Соединетите Американски Држави, Германија и Европската Унија.

Европските фјучерси за гас за јули беа продадени денес на отворањето на Амстердамската берза TTF по цена од 46.530 евра за мегават-час.

Вредноста на еврото во однос на доларот на Форекс берзата денес е 1,16536 долари.

Цената на златото се искачи на 4.503,47 долари за тројанска унца, а цената на пченицата се искачи на 6,1599 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).

Американскиот берзански индекс Dow Jones се зголеми за 0,72 проценти на 51.032,46 поени, S&P 500 за 0,22 проценти на 7.580,06 поени, а Nasdaq за 0,2 проценти на 26.972,62 поени.