Европските индекси нерамномерни, цената на златото продолжува да расте, нафтата брент 88 долари за барел

12

Европските берзански индекси денеска се нерамномерни, златото повторно поскапе, додека цената на нафтата „брент“ се движи околу 88 долари за барел.

Индексот на Франкфуртската берза DAX падна на 17.674,16 поени, францускиот CAC 40 на 7.965,99 поени, додека лондонски FTSE 100 се искачи на 7.843,59 поени, а московскиот MOEX на 3.460,81 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 83.694 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 88.022 долари. Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 32.905 евра за мегават-час, пренесува Танјуг.

Цената на златото порасна на 2.390,69 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,4975 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,06506, што е приближно исто како во четвртокот.