
Европските берзански индекси денес се претежно во пад, бидејќи инвеститорите се загрижени за голем број лоши кредити во некои американски регионални банки, а распродажбата на акциите при затворањето на пазарот во Соединетите Американски Држави и негативниот сентимент се проширија и во Европа, објавува CNBC.
Цената на златото продолжува да расте и во еден момент надмина 4.370 долари за унца, додека цените на нафтата паѓаат. Инвеститорите ги следат најновите тензии околу глобалната трговска и царинска политика, како и политичката ситуација во Франција.
Индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 2,05 проценти на 23.771,47 поени, францускиот CAC 40 за 1,07 проценти на 8.101,09 поени, британскиот FTSE 100 за 1,51 процент на 9.299,85 поени, додека московскиот MOEX порасна за 3,27 проценти на 2.693,57 поени.











