Европските индекси во пад, американските индекси во пораст, златото падна под 2.500 долари за унца

74

Европските берзански индекси денеска се во пад, американските индекси се во пораст, додека цената на златото падна на помалку од 2.500 долари за унца.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот падна на 18.874,25 поени, британскиот FTSE 100 на 8.374,15 поени, францускиот CAC 40 на 7.611,74 поени, а московскиот MOEX на 2.610,45 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 41.563,08 поени, S&P 500 на 5.648,40 поени, а вредноста на Nasdaq на 17.713,62 поени пред денешното отворање на берзите во Соединетите Американски Држави.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 73.239 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 76.509 долари.
На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 39,5 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.497,54 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 5,3172 долари за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,10648, што е приближно исто како и во петокот.