Европските индекси во пораст, цените на златото паднаа

15

Европските берзански индекси денеска се главно во пораст, цената на златото е намалена, а суровата нафта од типот „брент“ се продава за помалку од 87 долари за барел.
Индексот DAX на франкфуртската берза денеска во 9 часот падна на 18.131,59 поени, додека лондонски FTSE 100 се искачи на 8.160,63 поени, францускиот CAC 40 на 8.078,14 поени, а московскиот MOEX на 3.480 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 38.386,09 поени, индексот S&P 500 на 5.116,17 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 15.983,08 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 82.317 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 86.912 долари. На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 28 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.321,55 долари за унца, а на пченицата на 5,8369 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07066, што е приближно исто како и во понеделникот.