Европските складишта полни со гас

44

Резервите на гас во Европа достигнаа историски максимум

Европските резерви на гас се на историски највисоко ниво, покажуваат податоците објавени од Асоцијацијата на оператори со гасна инфраструктура на Европа (GIE).
Според GIE, зафатеноста на европските капацитети во моментов е 97,89 отсто, а во нив моментално се складирани 107,75 милијарди кубни метри гас, пренесува Тас.

Европските земји до средината на август успеаја да ги наполнат складиштата за гас до 90 отсто и на тој начин се подготвија за претстојната грејна сезона.

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) претходно соопшти дека Европа може да наполни речиси 100 отсто од складиштето на гас, но студената зима и покрај толку високите залихи може да доведе до нестабилност на пазарот.

ИЕА наведе и дека резервите на гас во европските магацини би можеле да паднат под критичното ниво од 20 отсто до крајот на грејната сезона.