Европските земји се против производството на месо од лабораторија

33

Виена, Париз и Рим, заедно со уште девет земји од ЕУ, тврдат дека вештачки одгледуваното месо претставува „закана за вистинските методи на производство на храна“.

Европските земји со силна земјоделска и развиена гастрономија кренаа бунт во ЕУ против лабораториски произведеното месо, за чија продажба деновиве во Израел беше дадена  лиценца за „говедско месо“, откако беа дадени неколку за живинско месо во светот (Сингапур, САД…).

Месото одгледано во лабораторија „не претставува остварлива алтернатива на примарното производство на фармите“ и покренува етички, економски, социјални и јавно здравствени прашања кои се „клучни за идното општество“, се вели во забелешката што ќе се дискутира на  денешниотсостанокот на министрите за земјоделство  на ЕУ, пренесува Еурактив.

„Овие практики претставуваат закана за примарните пристапи засновани на фарми и вистинските методи за производство на храна кои се во срцето на европскиот земјоделски модел“, се наведува во документот.

Иако нејзиниот наслов е „Улогата на ЗЗП (Заедничка земјоделска политика на ЕУ) во зачувувањето на висококвалитетното и примарното производство на храна на фармите, неговата главна цел е „практики за производство на храна базирани на клетки (од лаборатории)“.
Автори на нотата се австриската, француската и италијанската делегација, а поддржана е од делегации од Чешка, Кипар, Грција, Унгарија, Луксембург, Литванија, Малта, Романија и Словачка.

Сепак, не сите се согласуваат со оваа иницијатива.

– Идентификувањето на месото одгледано во лабораторија како закана изгледа многу претерано и прерано. Тоа е сектор кој сè уште не постои, во моментов се работи за иновации во лабораторијата. Потиснувањето на ова сега само го попречува видот на иновација што е токму неопходен за одржливост – изјави еден дипломат за Еурактив.