Евростат: Пивото и кафето се најевтини во Бугарија

18

ceni

Еуростат објави податоци за ценовните разлики меѓу земјите на Стариот континент, според кои Бугарија е меѓу најевтините земји. Во оваа земја љубителите на кафе ќе платат најмалку, но затоа пак шеќерот малку “загорчува”. За пушачите, Велика Британија е штетна за финансиското здравје, додека оние што сакаат пиво, треба да го избегнуваат Исланд, пренесува Сега.

Килограм шеќер во Бугарија чини 1,17 евра, додека во Чешка, Германија, Шпанија, Холандија и Полска цената е под едно евра. Шеќерот е најскап на Кипар, каде килограм лини 1,45 евра.

Бугарија е единствената земја во студијата, каде литар пиво е под едно евро – 95 евроценти. Најблиску до Бугарија се Полска, Словачка, Литванија, Германија, Чешка, Белгија, со цени од 1,21 до 1,55 евра. Во Кипар, Луксембург и Малта, кои генерално се познати како скапи земји, пивото чини над 2 евра, во Турција е малку над 3 евра, а во Исланд еден литар чини 5,70 евра.

Во Бугарија и кафето е најевтино – само 54 евроценти за чаша, во споредба со Швајцарија и Грција, каде една доза од ова задоволство чини 3,29, односно 2,89 евра.

Најевтини цигари се продаваат во Литванија, 2,32 евро за кутија, што е само за 12 центи поевтино од Бугарија. Во Чешка, Романија, Хрватска и Турција, 20 цигари чинат под 3 евра, додека во Велика Британија и Ирска, кутија цигари чини над 9 евра.

Во ова истражување не е вклучена Австрија, а учествуваат Швајцарија, Исланд и Турција. Истражувањето се прави на принцип на доброволно поднесување на информации од земјите. Податоците наведени погоре се за 2012 година, а ваква статистика се собира од 2008 година.