Бруто заработката на жените во 2020 година е за 13 отсто помала од оние на мажите во ЕУ, објави Евростат.
Во периодот од осум години, помеѓу 2012 и 2020 година, родовиот јаз во платите во ЕУ е намален од 16,4 проценти на 13 проценти.
Неприлагодениот родов јаз во платите варира меѓу земјите-членки на ЕУ, според Евростат, при што најголеми разлики се забележани во Летонија (22,3 отсто), Естонија (21,1 отсто), Австрија (18,9 отсто) и Германија (18,3 отсто).
Од друга страна, разликите се најмали во Луксембург (0,7 отсто), Романија (2,4 отсто), Словенија (3,1 отсто) и Италија (4,2 отсто).