Еврото го прослави 20-от роденден

56

На први јануари 1999 година, 11 земји членки на Европската унија ја усвоија заедничката монетарна политика во рамки на Европската централна банка и ја прифатија заедничката валута – евро.

Првично беше само електронска валута што се користеше за тргување на финансиските пазари и за безготовински плаќања. Три години подоцна, беа емитувани банкноти и монети што беа пуштени во оптек.

Денес, еврото е официјална валута во 19 земји од ЕУ и го користат 340 милиони жители на Европа. Оваа заедничка валута е една од најважните во светот.