Еврото на 21-месечен минимум – тонат и валутите на земјите од ЦИЕ

132

Еврото денеска се спушти до нивото на 21-месечниот минимум, поради загриженоста дека руската воена акција во Украина ќе го загрози европскиот раст, додека валутите поврзани со суровини достигнаа повеќенеделни максимуми покрај раст на извоните цени.

Единствената валута на еврозоната на азиските берзи, според последните достапни информации, се тргуваше на ниво од 1,1097 долари што е незначително над минимумот (1,1058), објави „Ројтерс“.

Еврото од почетокот на неделата е во пад од 1,5 отсто и на добар пат е четврта недела во низа да заврши во загуба во однос на американскиот долар.

„Сметаме дека еврото е многу ранливо во актуелната криза. На корпоративно ниво имаме мрежа на сложени односи меѓу ЕУ и руските компании, особено во енергетскиот сектор. Цената на енергијата порасна, како и многу земјоделски производи. Војната во Украина навестува уште поголема долгорочна инфлација и можно забавување на европскиот раст“, изјави Џејн Фоли од Рабобанк, висок стратег за девизен курс.

Под притисок се и валутите на источноевропските земји, при што унгарската форинта преку ноќ забележа рекордно ниско ниво во однос на доларот и еврото, додека полската злота падна на најниско ниво во последните две децении.

На крипто-пазарот, биткоинот ја загуби динамиката на раст од почетокот на неделата и потона на околу 43.500 долари