Еврото потона под еден долар

119

На валутниот пазар вредноста на доларот во однос на кошничката валути утрово дополнително се зголеми и се приближи на највисокото ниво во последните 20 години, бидејќи се очекуваат натамошни агресивни зголемувања на каматните стапки од страна на ФЕД.
Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 108,90 поени, додека вчера  изнесуваше 108,23 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута е стабилен околу 137,40 јени, колку што беше и вчера.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на најниските нивоа во последните 20 години, под нивото од еден долар. Курсот на еврото во моментов е околу 0,9940 долари, додека вчера  изнесуваше 1,0027 долари.

Притисокот врз еврото е последица на стравот на инвеститорите дека економијата на еврозоната ќе западне во рецесија поради енергетската криза, додека Европската централна банка треба повторно да ги зголеми каматните стапки поради високата рецесија.