Еврозона: Годишната стапка на инфлација падна на 5,3 отсто во јули

22

Годишната стапка на инфлација во еврозоната падна на 5,3 отсто во јули од 5,5 отсто во јуни, објави денеска Евростат.

Инфлацијата во еврозоната во јули е најниска од јануари 2022 година, пред сè поради падот на цените на енергијата на годишно ниво за 6,1 отсто.

Годишната стапка на базичната инфлација во еврозоната во јули изнесуваше 5,5 отсто, што е исто како и во јуни.