Еврозоната забележа трговски дефицит од 7,6 милијарди евра во февруари

45

Во февруари 2022 година, еврозоната забележа дефицит од 7,6 милијарди долари во трговската размена со остатокот од светот, наспроти суфицитот во истиот месец минатата година од 23,6 милијарди евра, покажува денешната прелиминарна проценка на европската статистичка служба „Евростат“.

Според податоците објавени на веб-страницата на „Евростат“, извозот на стоки од еврозоната на пазарите надвор од 19-члениот монетарен блок во февруари изнесува 215,8 милијарди евра, што е за 17 отсто повеќе на годишно ниво.

Истовремено, увозот на стоки е вреден 223,4 милијарди евра, што е зголемување за 38,8 отсто во однос на февруари 2021 година, а првенствено е поттикнат од натамошниот пораст на увозот на енергија.