Exxon ќе гради најголема пловечка фабрика за течен природен гас

38

lng-exxonАмериканската нафтена компанија Exxon mobil планира да направи најголема пловечка фабрика за течен природен гас (LNG) на светот, покрај западниот брег на Австалија. Се очекува партнер на американската компанија да и биде англо – австралиската рударска компанија BHP Billiton.

Аналитичарите од Дојче банк ваквата инвестиција ја проценуваат на 12 милијарди долари, но во Exxon сметаат дека цената на проектот Scarborough ќе го надмине овој износ.

Капацитетот на фабриката ќе биде шест до седум милиони тони годишно. Должината на пловечкиот објект ќе биде околу 495 метри, а ширината 75 метри. Производството на гас би требало да започне 2020 или 2021 година.