ExxonMobile заинтересирани за хрватската нафта

23

exxonАмериканскиот нафтен гигант ExxonMobil покажа интерес за влез и инвестиции во Хрватска, односно за учество во тендер за истражување и експлоатација на гас и нафта во Јадранот, потврди хрватскиот министер за економија Иван Врдољак, кој е во официјална посета на САД, пишува Јутарњи лист.

За ова да се реализира, Хрватска треба да исполни потребни предуслови, а тоа е да донесе нов закон за истражување и експлоатација на јаглеводород, по што ќе се распише тендер, на кој, барем според денешните информации, ќе учествува и Exxon, изјави Врдољак.

Тој истакна дека можното доаѓање на оваа компанија е порака и до другите американски инвеститори дека Хрватска е земја во развој која паметно управува со своите ресурси и дека безбедноста на нивната инвестиција е загарантирана.

Ккомпанијата ExxonMobil е најголем светски произведувач на нафта и проценета е на преку 400 милијарди долари, а глобално вработува преку 82.000 луѓе.