Фабрика Карпош прикажа добивка од 11,7 милиони денари во првите три месеци од 2017-та

24

fabrika-karpos

Фабрика Карпош првото тримесечје од оваа година го заврши со добивка од 11.747.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на првите три месеци од 2016 година, компанијата оствари добивка од 27.760.000 денари.

Заклучно со 31-ви март, вкупните приходи од продажба изнесуваа 108.365.000 денари, додека истиот период лани беа 149.617.000 денари.

Основна дејност на Фабрика Карпош е проектирање, производство и монтажа на бетонски полуфабрикати, станови, индустриски објекти, мостови и далноводи.