Фабрика Карпош со добивка од над 33 милиони го заврши првото полугодие од 2016 година

34

fabrika karpos

Фабриката Карпош од Скопје во првото полугодие од 2016 година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 33.152.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, фабриката прикажа добивка од 10.458.000 денари.

Вкупните приходи од продажба од први јануари до 30-ти јуни достигнаа 342.946.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 342.646.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓа остатокот од 300.000 денари.