Facebook го започна спојувањето на Instagram и Messenger

129

Најавата за спојување на Messenger, WhatsApp и Instagram во една заедничка платформа за пораки, која што беше објавена на почетокот на минатата година, започна да се реализира деновиве.

Пред повеќе од година Facebook го најави својот план за спојување на своите платформи за допишување, за на корисниците да им овозможи меѓусебно допишување без оглед на тоа која апликација ја користат.

Планот предизвика негодување кај многу регулатори во светот бидејќи сметаат дека може да се загрози приватноста на корисникот, но и да му овозможи на Facebook да создава уште подетални профили со чија помош би реализирал целно огласување.

Но, очигледно дека од Facebook одлучиле да ги игнорираат потенцијалните истраги и казни и да го почнат процесот, па корисниците во САД почнале да добиваат известување при отворањето на апликацијата Instagram, пренесува The Verge.

Постои нов начин за допишување на Instagram, пишува во известувањето кое ги повикува корисниците на ажурирање на апликациите, нудејќи цела низа можности. Така, посебно се истакнуваат новиот разнобоен изглед на четовите, реакциите со помош на emoji, допишување на пријателите кои се на Facebook. Во известувањето стои дека и да не ја ажурирате апликацијата, може да почнете да добивате барања за допишување од профилот на Facebook.

Фото: Freepik