Facebook и Instagram ќе го блокираат Трамп до крајот на мандатот

12

Социјалните мрежи Facebook и Instagram ќе ја продолжат блокадата на профилите на американскиот претседател Доналд Трамп за уште најмалку две недели, додека не се изврши пренос на власта на новиот претседател Џо Бајден, објави сопственикот на двете социјални мрежи, Марк Цукерберг.

Одлуката е донесена откако Facebook одлучи да го блокира профилот на Трамп на 24 часа за се запрат неоснованите тврдења на Трамп за кражба на претседателските избори.

“Веруваме дека ризикот да му дозволиме на претседателот да продолжи да ги користи нашите услуги е премногу голем“, напиша Цукерберг на Facebook.

Профилите на Трамп привремено ги блокираа и Twitter и Snap Chat.

Фото: Facebook