Facebook има ново лого

33

Facebook Inc. има ново лого коешто има за цел да направи разлика помеѓу матичната компанија и сите апликации под нејзина капа, вклучувајќи ја и социјалната мрежа.

Логото се состои од зборот Facebook испишан со големи букви во нов фонт. Истиот ги менува боите од сина и зелена кон нијанси на виолетово, црвено и портокалово.

Според компанијата, тоа се боите што ги претставуваат другите брендови што спаѓаат под гигантот.

Сината е за Facebook, зелената за WhatsApp, додека виолетовата, црвената и портокаловата се за Instagram.

Со ова корисниците треба подобро да бидат запознаени кои апликации ги поседува компанијата. Новото лого ќе почне да се користи за производи и материјали за рекламирање во следните неколку недели.

Фото: Facebook