Facebook ќе додели 10 милиони за интернет лидери

45

facebookФото: Pexels

Технолошкиот гигант Facebook ја најави својата нова иницијатива The Facebook Community Leadership Programme. Фондот на програмата ќе биде во висина од 10 милиони долари, средства со коишто ќе бидат наградени корисници на Facebook кои ќе креираат влијателни интернет заедници преку социјалната мрежа. Предуслов е групата да има осмислено проект што ќе има позитивно влијание врз општеството, пишува Phys.org.

Иницијативата предвидува вмрежување и можности за обука на 300 интернет лидери низ цела Европа, мотивирајќи ги преку Facebook да го подобрат општеството во коешто живеат. Победниците ќе бидат избрани од комисија составена од експерти и од вработени во Facebook.

Основачот Марк Цукенберг постојано наведува дека новата мисија на компанијата е да го приближи светот и да им помогне на милиони луѓе да се конектираат преку своите интереси или хобија .

Facebook заедницата засега брои 1,4 милијарди активни корисници.