Facebook ќе плаќа по неколку милиони долари за користење вести од медиумски куќи

56

Facebook нуди огромен износ на пари на медиумските куќи, за да можат нивната содржина да ја прикажат во секцијата вести, за којашто компанијата се надева деќа ќе почне да функционира на крајот на годинава, пишува Wall Street Journal.

Од Facebook велат дека се подготвени да платат и до три милиони долари годишно на одредени медиумски куќи за лиценца за комплетни приказни, наслови и преглед на текстови. Оттаму велат дека изворите на вести со кои Facebook сака да соработува се ABC News, Dow Jones, The Washington Post и Bloomberg.

Се очекува договорот за лиценца за вести меѓу Facebook и медиумските куќи да трае три години.

Фото: Pixabay