Facebook ќе помага во потрагата по исчезнати деца

26

facebook-amberalerts-1-762x428

Корисниците на најпопуларната социјална мрежа во светот, Facebook, наскоро ќе добиваат информации за исчезнати деца во околината каде живеат, пишува Sky news.

“Корисниците ќе ги добиваат информациите на нивниот мобилен телефон, а ќе вклучат слика од исчезнатото дете, како и други релевантни информации“, вели Емили Вејчер, менаџер за безбедност во Facebook и поранешен ФБИ агент.

Од Facebook велат дека оваа социјална мрежа веќе и се користи за пронаоѓање на исчезнати деца. Во март минатата година исчезнато 11-годишно девојче беше пронајдено во Јужна Каролина, благодарение на објавата на Facebook. што е позната како Amber alert.

Системот за предупредување започна во 1996 година по киднапирањето и убиството на деветгодишната Амбер Хејгерман во Тексас. Поради овој случај, овој систем за исчезнати деца во САД се нарекува Amber Alert. Од тогаш, повеќе од 700 деца се пронајдени благодарение на овој систем.