Facebook овозможува споделување на панорамски фотографии

20

20150922-facebook-360-video-hands-on-3.0

Стотици милиони фотографии секојдневно се споделуваат на Facebook од секакви настани и случувања.

Минатата година социјалната мрежа воведе видеа од 360 степени, па донекаде се очекуваше кога ќе им дојде редот и на ваквите фотографии.

Новата можност Facebook 360 ќе им биде достапна на сите што имаат фотоапарат или мобилен телефон што може да сними таква фотографија, стои во соопштението на социјалната мрежа. Основачот Марк Цукерберг веќе ја објави првата 360 фотографија на својот профил.

Корисниците треба само да направат панорамска фотографија и да ја објават на Facebook како обична фотографија. Таканаречените 360 фотографии ќе можат лесно да се забележат, само треба да го побарате икончето со компас на фотографијата на десната страна. За да ја истражите ќе треба само да кликнете и повлечете со маусот или прстот на мобилниот телефон.