Facebook повторно ја прифати Австралија за “пријател“

53

Премиерот на Австралија, Скот Морисон изјави дека технолошкиот гигант, Facebook, повторно се врати на преговарачка маса откако претходно ги блокираше вестите на нејзината страница во таа земја.

Наглата одлука на Facebook што не им дозволува на жителите на Австралија да споделуваат вести и да читаат домашни и странски информативни сервиси за последица имаше и бришење на неколку владини профили поради коишто компанијата си создаде непријатели.

“Facebook повторно условно нè прифати за пријател. Она што ме радува е фактот што Facebook се врати на преговарачка маса“, рекол Морисон.

Фото: Pexels