Facebook забрани продажба на алкохол и цигари помеѓу корисниците

74

Продажбата на алкохол и цигари повеќе нема да биде дозволена на Facebook, вклучувајќи ја и социјалната мрежа Instagram, којашто е под сопственост на технолошкиот гигант.

Facebook ја донесе оваа одлука откако компанијата беше обвинета од страна на извршниот директор на Sazerac, Марк Браун за тоа што им дозволила на индивидуалци да продаваат фалсификуван бурбон и празни шишиња од скапото виски, кои понатаму биле користирени за полнење на неквалитетен пијалак.

Незаконските пијалаци, вклучувајќи ги и лажните брендови и расипаниот алкохол се сериозна закана по здравјето на луѓето, пишува CNBC. Од јуни наваму во Костарика починале 20 луѓе од труење со алкохол и метанол.

Од Facebook велат дека продажбите на алкохол и цигари се веќе забранети на Marketplace и останатите “локации“ на веб страната.

Фото: Pixabay