Facebook затвори 5,4 милијарди лажни профили

24

Facebook, од почетокот на годината досега, затвори 5,4 милијарди лажни профили од својата платформа. Само за споредба, во текот на 2018 година, од Facebook се избришани 3,3 милијарди лажни профили, пренесува CNN.

Оттаму велат дека од месечната корисничка база, што брои 2,5 милијарди, 5% се лажни профили. И покрај развојот на технологија што ги препознава лажните профили, тие сепак циркулираат на оваа социјална мрежа.

Бројот на избришани лажни профили го достигна врвот на почетокот на годината кога Facebook објави дека затвора повеќе од две милијарди лажни профили во периодот од јануари до март.

Информацијата за затворање на лажни профили на Facebook доаѓаат по заложбата на компанијата да ја зголеми својата јавна транспарентност.

Фото: Pixabay