Фајзер очекува 36 милијарди долари од продажбата на вакцини

48

Фајзер денеска објави дека годинава очекува продажбата на нејзината вакцина против Ковид- 19 да достигне 36 милијарди долари. Компанијата има потпишано договори со државите за испорака на бустер дози и добива одобрение за употреба на вакцината за деца.

Во јули Фајзер предвиде дека продажбата на вакцината што ја разви со Бионтек ќе донесе 33,5 милијарди долари.

Поради актуелната пандемија, вакцината против Ковид-19 стана најпродаваниот лек на оваа компанија во нејзината 172-годишна историја.

Фајзер, кој е познат по лековите како што се Sanax и Viagra, подеднакво ги дели трошоците и профитот со својот германски партнер.

Компанијата очекува да испорача 2,3 милијарди дози.