Компанијата Факом, од почеток на годината до 30-ти јуни, работеше со добивка од 10.130.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во првите шест месеци од 2019 година, добивката на компанијата беше 556.000 денари.
“Во периодот од 01.01. до 30.06.2020 година Друштвото оствари позитивен финансиски резултат во износ од 10.130.012 денари наспроти добивката од 01.01 до 30.06.2019 година од 556.227 денари. Ова се должи пред сè на зголемениот обем на работи и договори за работа и оваа динамика го одредува обемот и финансискиот резултат што се оствари во овој период од 2020 година. Оперативните приходи се зголемени за 39% во однос на истиот период 2019 година“, стои во Образложението кон неревидираните финансиски извештаи.
Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни оваа година, беа 673.537.000 денари, од коишто на домашен пазар се реализирани 221.472.000 денари, а поголемиот дел од 452.065.000 денари е остварен на странски пазари.
Истиот период лани, вкупните приходи од продажба на компанијата изнесуваа 484.774.000 денари.
Фото: Freepik