Факом за девет месеци оствари добивка од 497.000 денари

26

fakom

Компанијата Факом од први јануари до 30-ти септември оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 497.000 денари.

Според билансот на успех, истиот период лани компанијата прикажа добивка од 1.399.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во периодот јануари – септември имаа вредност од 885.043.000 денари. Од нив на домашен пазар се остварени 883.102.000 денари, додека 1.941.000 денари на пазари во странство.

Истиот период минатата година, Факом прокнижи 963.402.000 денари, од кои на домашниот пазар отпаѓаат 370.268.000 денари, а на пазари во странство 593.134.000 денари.

Основна дејност на Факом е проектирање, производство и монтажа на челична конструкција и делови на конструкции, сите видови на заварени носачи и изградба и како монтажа за капитални индустриски и термоенергетски објекти.