Фактурирање со или без ДДВ на ИТ услуги кон странство

1439

tastatura

Фото: Pixabay

Прашање: Компанија чија примарна дејност регистрирана во централниот регистар на Република Македонија е компјутерско програмирање, од јануари 2016 години доброволно станува ДДВ обрзник. Услугите што ги нуди се за странски компании, како и компании во Република Македонија. Услугите опфаќаат ИТ услуги, во однос на одржување, дизајнирање, програмирање на веб страни за потребите на клиентите. Имено, сите тие услуги се извршуваат заедно во координација со претставници од компаните, односно вработените се еден дел од тимот кој ја врши услугата, другиот тим се вработените во странските компании.

Дали фактурите кои се издадени спрема странски компании со седиште надвор од Република Македонија, а се однесува за напред споменатите услуги, треба да се фактурираат со 18% ДДВ?

Одговор: Местото на промет на услуги се регулира со членот 14 од Законот за ДДВ.

За место на промет на услуги според член 14 став 1 од Законот за ДДВ се смета местото каде што вршителот на услугата има вистинско седиште или подружница од каде услугата вистински се извршува. Ако такво место не постои, за место на промет на услуги се смета местото каде што лицето кое ја врши услугата има свое живеалиште или престојувалиште.

По исклучок од став 1 од овој член за место на промет на услугата се смета местото во кое корисникот на услугата има вистинско седиште или подружница за кои услугата била вистински извршена или доколку такво место не постои, неговото постојано живеалиште или престојувалиште, кога се работи меѓу другите и за следните услуги:

  • Правен, економски и технички консалтинг, особено дејностите на нотари, адвокати, ревизори, даночни советници, сметководители и инженери, како и други слични дејности и
  • Обезбедување персонал.

Доколку во вашиот случај вршите некоја од горенаведените услуги према лице што е со вистинско седиште или подружница надвор од земјата, немате обврска за пресметување на данок на додадена вредност.