Фарма во БиХ ќе произведува струја од биогас

12

krava-na-farma-pixabay

Фото: Pixabay

Фарма во Босна и Херцеговина доби енергетска дозвола за изградба на електрана на биогас, пишува Akta.ba.

“Добивање на енергетската дозвола за фармата е еден од завршните чекори за добивање дозвола за изградба на електраната. Со овој проект ќе бидеме први во БиХ со сериозна електрана на биогас. Најголема придобивка е што за комплетниот проект, идејата, реализацијата, изработката на бизнис план и сите активности околу добивање на дозволата, работеше и работи тим од млади луѓе кои се архитекти, инженери по машинство и електротехника, градежништво и економисти. Поради тоа, горди сме што сами го развивме проектот, научивме многу и го стекнавме потребното знаење за идните инвестиции“, вели Адин Фаќиќ.

Биогасот во оваа електрана ќе се добива од отпадот од фармата. Со овој проект се очекува да се намали загадувањето, да се зачува животната средина и водените текови. Се очекува следната година да почне изградбата на оваа електрана.