Фармацевтската компанија Новартис со донација на Клиника за детски болести

32

На Клиниката за детски болести на Одделот за онкологија и хематологија, минатата недела од страна на компанијата Новартис беше дониран апарат за аплицирање на цитостатска терапија кај деца со малигни болести. Се работи за инфузиомат од најновата генерација на пумпи за дозирање и пласирање на мали дози на цитостатска терапија кај деца. Вредноста на апаратот е 171.100,00 денари.

”Благодарни сме на Новартис за донацијата. Вакви апарати секогаш недостасуваат, особено на овој оддел каде имаме еден континуитет, ако не и благ пораст на пациенти со малигни болести. Со него се олеснува апликацијата на цитостатската терапија која мора да се дава во одредени дози на одреден период и овие апарати токму тоа го овозможуваат. Особено се радувам и кога донациите пристигнуваат од компаниите затоа што гледаме дека и кај нас постепено почнува да се развива општествената одговорност кај фирмите, а Новартис е секако помеѓу предводниците на овој тренд”, изјави доц. д-р Аспазија Софијанова, директор на ЈЗУ Клиника за Детски болести.

“Ние во Новартис веруваме дека помагањето во заедницата во која работиме е од исклучителна важност, особено кога се работи за помош кај најмладата популација. Се надеваме дека со оваа донација на инфузиомат од најновата генерација ќе ја олесни апликацијата на цитостатската терапија на Клиниката за детски болести”,  изјави д-р Јасминка Талеска, директор на Новартис претставништво во Скопје.