Farmeron – хрватска апликација за управување со фарми за млеко

53

farmerbot

Farmeron е хрватски старт – ап којшто разви апликација за следење и анализа на земјоделските активности на фармите. Основан во 2010 година, Farmeron стана еден од најважните бизниси специјализирани за управување со фарми за млеко, а нивните софтверски решенија наидоа на голем интерес, пишува Телеграм.

Во 2015 година, над 10% од фармите за млеко во САД го користеа софтверското решение на Farmeron. Според основачите, користењето на нивните софтверски решенија ја зголемува ефикасноста при производство на млеко за 24% за само неколку недели.

Американската технолошка компанија Virtus Nutrtion, којашто е специјализира за производство на сточна храна, неодамна го презеде Farmeron. Вредноста на преземањето не е позната. Се наведува дека Farmeron останува засебна компанија, а нејзиниот извршен директор, Матија Копиќ, останува на чело на компанијата.