Fashion++ – апликација што кажува дели имате “осет“ за мода

198

Научници од неколку универзитети во САД и центарот за истражување на вештачка интелигенција на Facebook, создадоа апликација “моден водич“.

Fashion++ го советува корисникот дали облеката што ја одбрал добро би му стоела, односно дали е во тренд. За оваа цел беа тренирани алгоритми со вештачка интелигенција, со помош на дата база од 10.000 фотографии со различни комбинации на облека, New Atlas.

Алгоритмот меѓу другото може да распознае и разни фактори како боја, дезен и вид на текстил, па според нив да го посоветува корисникот што треба да промени за да изгледа добро. Апликацијата сè уште не распознава “ретро мода“ и се фокусира на начинот на облекување во Северна Америка.

Целта на научниците е да ја направат Fashion++ соодветна на глобално ниво, како и да ја “истренираат“ да посочува облека според формата на телото од корисникот.

Фото: Fashion ++