Фаучи доби награда од милион долари од Израел

16

Еден од водечките американски експерти за заразни болести, Ентони Фаучи е добитник на престижна награда за посветеност на науката, во вредност од милион долари, од Фондацијата Ден Дејвид, чие седиште е во Израел, јавува ВВС.

Фаучи, кој често беше во расчекор со поранешниот претседател Доналд Трамп околу управување со пандемијата, ја доби наградата за одбана на науката. Инаку, Фаучи е директор на Националниот институт за алергии и заразни болести од 1984-та година.

Наградата Ден Дејвид се востанови во 2000-та година по меѓународниот бизнисмен Ден Дејвид. Секоја година нарадата од милион долари се доделува во три категории за придонес поврза со прашања од минатото, сегашноста и иднината.

За доделувањето на наградата на Фаучи се наведува дека е препознаена “храброста со која доктор Фаучи ја бранеше науката од неупатените во текот на предизвиците што ги донесе ковид кризата во многу напнато политичко окружување“. Во образложението се наведува дека Фаучи е заслужен за промоција на вакцинирањето против Ковид-19, како и за водечка улога во истражувања поврзани со ХИВ и лекување на СИДА.

Фаучи беше советник за здравствени прашања во мандатите на седум американски претседатели.

Фото: Freepik