FBI откри измама од шест милиони долари со лажни iPhone и iPad уреди

57

FBI уапси 11 осомничени од вкупно 14 во измама со лажни iPhone и iPad уреди што според пресметките ја чинело компанијата шест милиони долари.

Измамата вклучува увоз на 10.000 лажни Apple уреди од Кина коишто биле намерно оштетени и сменети во продавници на компанијата за автентични производи. Истите потоа биле транспортирани во Кина и други земји.

Оригиналните Apple iPhone и iPads уреди имаат таканаречен International Mobile Equipment Identity (IMEI) и сериски броеви што се уникатни за секој од нив, пишува iMore.

Но, во измамата, лажните уреди биле опремени со IMEI и сериски броеви што биле идентични на оригиналите, со вклучена Apple гаранција од САД и Канада.

Луѓето вмешани во скандалот меѓу другото се товарат за измама, кражба на идентитет и перење на пари.

Апсењето се одвивало во Сан Диего, Калифорнија, а бирото е во потрага по уште тројца. Биле запленети 250.000 долари во кеш и 90 iPhone телефони.

Фото: Pixabay