ФЕД ги намалија каматните стапки

67

Американските федерални резерви ги намалија каматните стапки скоро на нула, пренесуваат тамошните медиуми.

Освен оваа мерка, тие започнаа со купување на обврзници и им се придружија на другите централни банки со цел да обезбедат ликвидност на кредитите издадени во долари.

Американските компании добија “зелено светло“ од Фед да искористат илјада милијарди долари капитал, што се одвоени како заштита во услови на финансиска криза, како и за поддршка на компаниите и поединците кои се соочуваат со сериозни последици поради коронавирусот.

Фед и претходно ги намали каматните стапки, но пазарите немаа некоја посебна реакција на оваа одлука од пред скоро две недели.

Фото: Pixabay