ФЕД ја зголеми референтната каматна стапка – најголемо зголемување од 1994 година

75

Американската централна банка (ФЕД) во средата го одобри најголемото зголемување на каматните стапки од 1994 година и посочи дека ќе продолжи да ги зголемува со најбрзо темпо во последните неколку децении, во обид да ја спречи инфлацијата.

Претставниците на ФЕД најавија зголемување на каматната стапка од 0,75 отсто, што ќе ја подигне вкупната референтна стапка на федералните фондови меѓу 1,5 и 1,75 отсто, пишува Wall Street Journal.

Акциите на Њујоршката берза изгубија дел од претходните дневни добивки по одлуката на ФЕД, но сите три главни американски индекси останаа во зелената зона.

Одборот за отворен пазар на ФЕД (FOMC) ја истакна својата посветеност за намалување на зголемената инфлација,наведувајќи во соопштението по состанокот дека е „силно посветена на враќање на инфлацијата на целта од 2%.

Некои членови на ФЕД очекуваат дека референтната каматна стапка до крајот на тековната година ќе достигне 3,4 отсто, што е за 1,5 отсто повеќе од мартовската проценка.

Претставниците на ФЕД, исто така, ги намалија проценките за изгледите за економски раст во 2022 година, прогнозирајќи зголемување на БДП од 1,7 отсто од 2,8 отсто во март.